Достапни линкови

Неделникот ,,Глобус,, објавува широка анализа на економските состојби во земјава во изминатава и проекции за Новата 2010 година, поставувајќи, притоа, неколку прашања кои ги изведува од годинашните случувања на економско-финансиски план во државава. Неделникот ,,Сега,, објавува интервју со лидерот на опозициската СДСМ, Бранко Црвенковски

Поради новогодишните празници, изборот за овој неделен преглед на пишувањата на неделниците ни се сведува само на два: ,,Глобус,, и ,,Сега,,.

Глобус: Анализа на економијата

Неделникот ,,Глобус,, објавува широка анализа на економските состојби во земјава во изминатава и проекции за Новата 2010 година, поставувајќи, притоа, неколку прашања кои ги изведува од годинашните случувања на економско-финансиски план во државава: Ќе го го задржиме ли рецесивното одење под и околу нулата на БДП или ќе се задоволуваме со скромни ветувања за развој? Дали ќе продолжи девастацијата на стопанството, дали ќе бидат отпуштани индустриските работници на една страна, а ќе бидат зголемувани приходите врз основа на даноци и казни, кои ќе се слеваат во државните јасли? Потпирајќи се на предвидувањата на министерот Ставревски за следната година, кој проектира раст на економијата меѓу 1 ипол и 2% и на Европската комисија за Македонија која очекува ,,умерена рецесија, но со долготрајни структурни предизвици,, ,,Глобус,, песимистички предвидува дека не ни се пишувало ништо добро во следната година и смета дека сите ние ќе сме сакале таа да помине што побрзо за да ја пречекаме 2011-та со надеж дека дури таа можеби ќе ни ги донесе повидливите промени на подобро. Неделникот ги објавува и анализите на угледниот виенски Економски институт дека Македонија ќе остане европски лидер според стапката на невработеност и предвидува дека 33% од работоспособните во земјава ќе бидат невработени. ,,Глобус,, ја завршува анализата со оптимистички-цинично предвидување дека државниот сектор и во следната година ќе биде ,,на раат,, од разните инспектори и даночници кои, годинава, пишува неделникот, станаа ,,инвентар,, во стопанството, главно приватно, бидејќи и онака ослабнатиот буџет ќе треба да се полни со вонредни напори.

„Сега“: Интервју со лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски

Неделникот ,,Сега,, објавува интервју со лидерот на опозициската СДСМ, Бранко Црвенковски, цитирајќи ги во насловот и во поднасловот неговите зборови дека поделбата на патриоти и предавници, верници и неверници, антички и словенски Македонци, преродбеници и транзиционаши, реформатори и кочничари, за Груевски и за ВМРО-ДПМНЕ претставува, цитирам, ,,основното погонско гориво за нивното владеење, така купуваат време да ја завршат својата валкана работа, своето предавство!,, ,,Сега,, ја пренесува и пораката од Црвенковски до Груевски дека ако премиерот бил вистински патриот ќе ја поведел државата напред и дека не верува во неговиот лажен патриотизам. ,, Стопанството ни пропаѓа,, вели опозицискиот лидер во интервјуто, ,,невработеноста и сиромаштијата растат, странските инвестиции никаде ги нема. Човек што го сака својот народ, не му го прави тоа!,, заклучува Бранко Црвенковски во интервјуто во неделникот ,,Сега,,.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG