Достапни линкови

Јеменските власти ќе се борат против терористите


Јемен нема да ги прифати терористите на својата територија и земјата ќе се бори против нив, соопшти јеменското министерство за надворешни работи, по информациите дека исламските милитантни групи во Сомалија планираат да им помогнат на членовите на Ал Кадеа, кои се наоѓаат преку Црвенотот море. Според министерството полицијата ќе се труди да ја одржи стабилноста на земјата. Јемеските власти во последните недели ги зголемија нападите против Ал Каеда, откако меѓународната исламска терористичка група создаде своја база во јужниот дел во земјата.

XS
SM
MD
LG