Достапни линкови

Обама ја поврза Ал Каеда со божиќниот напад на авионот на Нортвест 253


Американскиот Претседател Барак Обама обвини филијала на Ал Каеда за терористичкиот напад на Божиќ кој предизвика дебати за тоа зошто разузнавачките агенции не успеа да го спречат 23 годишниот нигериец Умар Фарук Абдулмуталаб да влезе во авионот за Детроит.
Во неговото радио обраќање Обама, го опиша патот преку Јемен на 23-годишниот Абдулмуталаб од Нигерија кој се обиде да го уништи авионот на Норвест 253. Имено, службите се убедени дека тој бил поврзан со Ал Каеда. Претседателот Обама нагласи дека САД ќе ја продолжат соработката со пријателски земји како Јемен во борбата против терористите и екстремистички групи во целиот свет.

XS
SM
MD
LG