Достапни линкови

Нови жртви во Авганистан


Осум Американци се убиени денеска во напад во источниот дел на Авганистан. Американската амбасада во Кабул го потврди инцидентот. Неофицијално станува збор за самоубиствен бомбашки напад во Хост. Портпаролот на Меѓународните безбедносни сили потврди дека не се повредени војници на НАТО . СНН цитираше висок американски претставник кој вели дека загинатите осуммина се агенти на ЦИА. Во втор напад но овој пат во јужниот дел на Авганистан , загинаа четворица канадски војници и еден новинар од Канада . Само за викендот загинаа 10тина цивили меѓу кои 8 деца на возраст од 13 до 17 години.
XS
SM
MD
LG