Достапни линкови

Албанија ќе земе кредит за да го зајакне енергетскиот систем


Албанија ќе земе кредит во вредност од 90 милиони евра од германска банка. Албанската влада планира тие пари да ги потроши за зајакнување на енергетскиот систем. Албанскиот министер за економија и енергетика, Дритан Прифти најави дека годинава ќе заврши изградбата на далновод кој Албанија ја поврзува со Црна Гора, а во наредните две години треба да заврши поврзувањето со Косово. Тој вели дека со нивната изградба, можностите за размена на енергија со регионот ќе се зголемат за трипати.
XS
SM
MD
LG