Достапни линкови

Холандија и Нигерија ќе ги зголемат безбедносните мерки на аеродромите


Холандија и Нигерија се уплашени од обидот за терористички напад за Божиќните празници .Овие две земји најавија дека ќе ги зголемемат безбедносните мерки на своите аеродроми.Од таму велат дека ќе користат скенери кои ќе можат да го скенират целото тело. Стравот е поврзан со 23-годишниот осомничен од Нигерија кој со експлозивот во американски авион поминал низ двете земји. Холандскиот министер за внатрешни работи вели дека дека аеродромот во Амстердам во рок од три недели ќе започне со користење на скенери - што "гледаат" преку облеката. Властите во Нигерија велат дека своите меѓународни аеродроми ќе ги опремат со скенери до Нова Година.
XS
SM
MD
LG