Достапни линкови

Лотаријата започнува со работа


Според најавите од Државата лотарија, деновиве се очекува старт на играта на среќа – лото. Страствените играчи се радуваат на почетокот на лотото и велат дека изминативе години, игрите на среќа многу им недостасувале. Има и такви кои додека во Македонија немаше лото, играле во соседните земји.

Стан, автомобил, патувања можеби и мал бизнис или излез од сиромаштија.Што се може да се купи или направи за 100 илјади евра . Премијата на лото догодина може некому да исполни дел од овие желби. Граѓаните велат дека игрите на среќа многу им недостигале. Страсните играчи едвај чекаат за започне со работа лотаријата.
Прв ден ќе почнам да играм, нема збор за тоа. Лото, бинго, обавезно, грепки играме исто така


,,Прв ден ќе почнам да играм, нема збор за тоа. Лото, бинго, обавезно, грепки играме исто така.„

,,Ќе играме. Бинго игравме едно време, ама прекинаа и сега ако почне пак ќе играме.“

,,Добивме на Бинго некои пари, тогаш кога Игор Џамбазов водеше.“

,,Многу ми недостигаше. Имам среќа, колку толку добивам. Си купувам по едно ,,туце„ ливчиња и си ги пополнував. Едвај чекам.„

Граѓаните велат дека 100-те илјади евра од премијата на лото може да им понуди и излез од сиромаштијата.
Многу ми недостигаше. Имам среќа, колку толку добивам


,,Луѓето ќе се лажат за да избегаат од сиромаштијата, се лажат и играат. Од друга страна нема каде, со надеж дека нешто ќе се добие и ќе играш.“

,,Се лажеме нели, дека ќе добиеме по некој денар.„

Но, има и такви кои се скептични па нема да играат .

,,Какво лото, со која коцкарска држава лото ќе играме.„

,,Никогаш во животот, се е наместено.“

,,Никогаш не би ми се паднале 100 илјади евра и не ги ни сакам.“
Какво лото, со која коцкарска држава лото ќе играмe

,,До сега денар немам добиено, а толку сум играл и спортска и лото и на крај дигнав раце.“

Некои веруваат дека добивката на лото може да им биде и баксуз.

,,Баксуз е тоа, веднаш после ќе те најде некоја неприлика. Ќе позајмиш некаде, нема да ти ги вратат, ќе ти запалат куќа.„

Додека во Македонија немаше лото, страсните играчи играа во соседните земји.

,,Сум играл во Хрватска и во Словенија, сум идел во странство и сум играл. Во поранешна Југославија нема град каде не сум уплатил и сум добивал.„

Причините за страсното играње на игрите на среќа социолозите ги бараат во потребата да се излезот од сирома
Сум играл во Хрватска и во Словенија, сум идел во странство и сум играл
штијата и потрагата по среќа.

,,Тоа значи дека е време на исчекување, време на надеж, време на ослободување од негативните напливи на кој што човекот е изложен во секојдневниот живот.„

Уплатите за лотото ќе почнат деновиве, а продажбата на инстант грепките од државната лотарија на почетокот на 2010 година.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG