Достапни линкови

Зголемен процент од ДДВ за општините


Зголемениот процент од Данокот на додадена вредност кој ќе се одвојува за единиците на локалната саоуправа ќе придонесе за подобро финансирање на општините, се согласуваат дел од градоначалниците. Сепак забележуваат дека етапното имплементирање на процесот не претставува трајно решение на проблемот со финансирањето.

Зголемениот процент од Данокот на додадена вредност кој ќе се одвојува за единиците на локалната саоуправа ќе придонесе за подобро финансирање на општините, се согласуваат дел од градоначалниците. Сепак, иницијативата не пројде без забелешки. Некои забележуваат дека самото имплементирање на процесот во етапи не претставува трајно решение на проблемот со финансирањето. Други, пак, забележуваат дека мешањето на владата во локалните инфраструктурни проекти го попречува работењето на локалните власти. Во новата година, државата ќе одвојува 0,4 проценти повеќе од досегашните три отсто. За градоначалникот на Битола Владимир Талевски ова е значаен потег за подобрување на финансирањето на општините:
0,4 проценти во првата фаза мислам дека се добар потег, затоа што тие ќе треба секоја година да се покачуваат и тоа е една придобвка која што неможе да се замени со ништо друго


,,0,4 проценти во првата фаза мислам дека се добар потег, затоа што тие ќе треба секоја година да се покачуваат и тоа е една придобвка која што неможе да се замени со ништо друго."

Градоначалникот на општина Арачиново Бастри Бајрами вели дека Владата го одлага решавањето на проблемот со финансирањето на општините, не обрнувајки доволно внимание на руралните средини.

,,Тоа е голем хендикеп за општините, посебно за руралните општини. Околу персоналниот од 3 на 30 исто и на тоа не сме добиле позитивно мислење од министерот за финансии."

Градоначалникот на скопската општина Карпош Стевчо Јакимовски вели дека иницијативата ќе помогне во финансирањето, но дополнително препорачува дека власта не треба да се меша во локалните инфраструктурни проекти:

,,Самиот факт што владата гради локални патишта, гради локална инфраструктура, што гради објекти од локален карактер, покажува дека нема баланс во финансирањето на локалната и централанта власт и од тие причини мора да има прераспределба во корист на општините."
Тоа се приходи кои што на некој начин треба да одат во касата на државата од кои што приходи после треба за општините да се оддели

Според Јакимовски, позачеастеното затворање на фирми, кои се обврзници за плаќање на ДДВ, не би требало негативно да се одрази на финансирањето на локалната самуправа:

,,Тоа е пазарна економија едни се затвораат, други се отвараат."

Со слично мислење и градоначалникот на Битола Талевски:

,,Тоа се приходи кои што на некој начин треба да одат во касата на државата од кои што приходи после треба за општините да се оддели."

Инаку со измените на Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа се предвидува општините наместо досегашните три отсто од вкупниот приход по основа на ДДВ да добиваат 4,5 отсто до 2012-та. Во новата година локалните власти ќе добиваат 0,4 отсто повеќе од данокот.

XS
SM
MD
LG