Достапни линкови

Месиќ во јануари ќе го посети Косово


Хрватскиот претседател Стипе Месиќ најави дека на почетокот на јануари ќе ја посети Приштина. Месиќ, кој вчера ги прими акредитивите на првиот амбасадор на Косово во Хрватска, Валдет Садику, изјави дека признавањето на Косово не е насочено против никого, туку е одраз на реалната политика. Целта на мојата посета на Косово ќе биде јакнење на билатералните односи и стабилноста во регионот, рече хрватскиот претседател. Инаку, градските власти вчера го прогласиле Месиќ за почесен граѓанин на Приштина. Хрватска го призна Косово на 19 март минатата година, а дипломатските односи со Приштина ги воспостави во јуни истата година.
XS
SM
MD
LG