Достапни линкови

logo-print

Тадиќ: Србија способна да го уапси Младиќ


Српскиот претседател Борис Тадиќ изјави дека властите во Белград се способни да го уапсат Ратко Младиќ. Одговарајќи на прашања на граѓаните, Тадиќ на државната телевизија ја оцени како чин на политичка одговорност оставката на Расим Љаиќ на местото координатор на Акциониот тим за лоцирање и апсење на обвинетите од Хашкиот трибунал. Тој не сакал да одговори дали Младиќ е воен злосторник, но истакнал дека е уверен оти мора да се најде пред трибуналот поради улогата што ја имал во војната во поранешна Југославија.
XS
SM
MD
LG