Достапни линкови

Таблата од Аушвиц украдена по нарачка на шведски неонацисти


Кражбата на таблата со натпис „Работата ослободува“ од влезната порта на нацистичкиот логор Аушвиц ја нарачале шведски неонацисти, сметајќи дека со нејзиното продавање би собрале пари за терористички напад врз шведскиот парламент, јави синоќа полската државна телевизија. Обвинителството во полскиот град Краков претходно соопшти дека има подготвено барање до шведските власти да и пружат правна помош на Полска и да се вклучат во истрагата. Шведската служба за безбедност потврдила дека води истрага во врска со плановите на неонацистите за напад врз парламентот.
XS
SM
MD
LG