Достапни линкови

Еден загинат при уривање на зграда во Истанбул


Едно лице загина при уривањето на четирикатна зграда во азискиот дел на Истанбул. Двајца браќа биде затрупани под урнатините на зградата, од кои едниот загинал, додека другиот бил извлечен од спасувачките екипи. Во инцидентот, кој се случи во квартот Санџак, нема други настрадани лица. Градските власти соопштија дека двајцата браќа работеле на реновирање на зградата, кога врз нив се урнал таванот. Претходно турските медиуми јавија дека станува збор за уривање на шесткатна зграда и оти во несреќата се повредени неколку лица.
XS
SM
MD
LG