Достапни линкови

ЕУ бара редовна испорака на нафта преку Украина


Европската комисија бара од Русија и Украина да ги решат меѓусебните проблеми и да обезбедат продолжување на испораката на нафта за земјите од Европската унија. Во соопштението се наведува дека руската влада ја известила Комисијата за можен прекин на испораката на нафта поради трговски спор меѓу нафтените компании на двете земји. Најпогодени од тоа би биле Словачка, Чешка и Унгарија. Украинските власти претходно изразија уверување дека нема да ставаат никакви пречки на транзитот на нафта за Унијата.
XS
SM
MD
LG