Достапни линкови

Построга контрола на патниците за САД


Нема одмор за Соединетите држави се додека не бидат откриени и осудени сите одговорни за обидот за уривање на американскиот авион што се случи на Божиќ. Ова го изјави претседателот Барак Обама кој вчера за прв пат јавно се огласи за инцидентот.

Претседателот Барак Обама на прес конференцијата на Хаваи, каде што ги минува божиќните празници, уште еднаш повтори дека Соединетите држави се соочуваат со постојана закана од непријателите.

,,Ова е сериозно потсетување на опасностите со кои се соочуваме и со природата на оние што и се закануваат нашата татковина. Доколку на осомничениот му успееше да го урне авионот ќе загинеа речиси триста патници и членови на екипажот, невини цивили кои се подготвуваа за прослава на празниците со нивните семејства и пријатели.,,

Изјави Обама. Во истовреме во американските медиуми се појавија извештаи дека и покрај предупредувањето на Стејт департменот, сепак осомничениот успеал да добие американска виза. Властите во Јемен потврдија дека дваесет и три годишниот нигериец Умар Фарук Абдулмуталаб живеел во таа земја каде што дејствува групата поврзана со Ал Каеда, а која веќе ја презеде одговорноста за
Ова е сериозно потсетување на опасностите со кои се соочуваме и со природата на оние што и се закануваат нашата татковина..
неговата акција. Тоа, според соопштението на групата, било одмазда за американската операција во Јемен. Имено, јеменските сили, со помош на американската разузнавачка служба, во текот на овој месец извршиле два воздушни напада против оперативци на Ал Каеда во таа земја.

Инаку, Обама нареди целосна ревизија на мерките за контрола на патниците за кои и онака се смета дека се најстроги во светот. Меѓу другото, тоа значи и враќање на таканаречениот систем на список на имиња на осомничени терористи со цел да се спречи нивното влегување во Соединетите држави. Обама изјави дека владата е решена да дознае како осомничениот воопшто успеал да внесе опасни експлозиви во леталото со цел идните такви обиди да бидат спречени навреме. Тој вети дека ќе биде искористен секој елемент на националната моќ за да бидат поразени насилните екстремисти, без разлика дали се од Авганистан, Пакистан, Сомалија или Јемен, и кои планираат напади против Соединетите држави.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG