Достапни линкови

Обама со осуда до иранските власти


Американскиот претседател Барак Обама ги осуди иранските власти поради насилното спречување на протестите, односно за тоа што против демонстрантите била употребена, како што рече, железна тупаница на бруталноста. Обама побара од иранскиот режим да го почитува правото на граѓаните да демонстрираат, како и да ги ослободи оние што биле уапсени за време на протестите. Тој оцени дека проблемите во Иран се предизвикани со одлуката на раководството на таа земја да владее со помош на страв и тиранија. Во последните судири меѓу иранските безбедносни сили и приврзаници на опозицијата загинале најмалку осум луѓе.
XS
SM
MD
LG