Достапни линкови

Грчка анархистичка група се заканува со напади


Една радикална грчка анархистичка група ја презеде одговорноста за неделната експлозија во центарот на Атина, објавија грчките медиуми наведувајќи дека во соопштението на групата се прецизира дека нападот бил во знак на протест поради божиќните потрошувачки навики. Групата се заканува дека во иднина ќе употребува помоќни бомби и ја изразува солидарноста со анархистите, кои издржуваат затворски казни во Грција, Чиле и Германија.
XS
SM
MD
LG