Достапни линкови

logo-print

Македонија нема да ја повлече тужбата против Грција во Хаг


Македонија нема намера да ја повлече тужбата против Грција пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг за кршење на Времената спогодба од 1995 година, изјави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. Македонија покрена тужба против Грција пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг поради нарушување на Времената спогодба со грчкото вето на македонската интеграција на НАТО, на самитот во Букурешт. Своите аргумемти и докази Македонија ги достави во судот во јули годинава, а до 20 јануари тоа треба да го направи и Грција по што се очекува да почне судскиот процес.
XS
SM
MD
LG