Достапни линкови

Прилеп – Проблемите со водоснабдувањето ќе останат минато


Прилеп
Прилеп

Со средствата од германската „КФВ" банка која е инвеститор на грантот вреден 9,2 милиони евра завршува реконструкцијата на околу 40 километри водовна мрежа претежно во периферијата на Прилеп и на критичните точки, таму каде што се евидентирани огромни загуби на вода во системот

Проблемите со водоснабдувањето за прилепчани ќе останат минато, зашто при крај се работите со реализацијата на проектот за смена на старата мрежа со нови еколошки цевки според современи евро-стандарди. Како што информираат од „Водовод и канализација", со
Доколку се процени дека има средства тогаш од наша страна ќе побараме од „КФВ„ банката да го продолжи рокот, ако процениме дека има средства да се реконструираат уште10 или 5 улици, ние ќе побараме да ни го продожи рокот. Ќе најдеме некоја форма за да ги реконструираме и тие улици
средствата од германската „КФВ" банка која е инвеститор на грантот вреден 9,2 милиони евра завршува реконструкцијата на околу 40 километри водовна мрежа претежно во периферијата од градот и на критичните точки, таму каде што се евидентирани огромни загуби на вода во системот.

,,Доколку се процени дека има средства тогаш од наша страна ќе побараме од „КФВ„ банката да го продолжи рокот, ако процениме дека има средства да се реконструираат уште10 или 5 улици, ние ќе побараме да ни го продожи рокот. Ќе најдеме некоја форма за да ги реконструираме и тие улици."

вели директорот Сашо Николоски. Тој додава дека „Водовод и канализација„ целосно е подготвен за да може да излезе пресрет на потребите на граѓаните, па најдоцна за 6 години да ја реконструира и останатата водоводна мрежа.

,,Овој проект не треба да заврши тука, бидејќи имаме обучени лица, имаме средства, направивме непопуларна мерка, водата се поскапи, значи народот добро плаќа, имаме наплата преку 90 отсто, што значи дека тие средства што сега ги земаме од народот, ние мораме да ги вратиме повторно назад."

Се случуваат извесни проблеми и дефекти при работата зашто новата водовна мрежа се пробува на 9 или за 6 бари повеќе во однос на старата.

Но, како што потенцират од „Водовод„ сите дефекти навреме се сервисираат, така што 50 до 60% од новата мрежа е веќе приклучен кон старата. Мрежата фунцкионира без проблеми. Во рамките на проектот на „КФВ„ банката е и инвестицијата од околу 100.000 евра за изградба на нова управна зграда, која треба да биде пуштена во употреба за еден месец најдоцна.

Освен тоа за конечно решавање на проблемот со водоснабдувањето ќе помогне и изградбата на бунари со средства кои ги вети Владата. Првата фаза е завршена, остануваат уште дел активности за да бидат ставени во фунцкија.

,,Изведба на потисен цевовод за кој што средства се надеваме дека средства ќе се обезбедат од буџетот во 2010 година и поставување на пумпните станици. Во тек е изработка на целокупниот проект. Идејниот и основниот проект за бушотините е изработен."

Според Николоски 20 милиони денари, пари од државниот буџет веќе се инвестирани во овој проект, но за да се стават бунарите во фунцкија потребни се уште толку пари. Во ова јавно претпријатие негуваат надежи дека овие средства ќе бидат обезбеди од буџетот и дефинитивно прилечани ќе ги заборават водените маки.Така што и при најсушни периоди и години, Прилеп со овие инвестиции ќе има секогаш доволно вода за пиење.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG