Достапни линкови

Во Јемен се уапсени 29 припадници на Ал Каеда


Јеменската агенција за безбедност соопшти дека уапсила 29 луѓе кои се осомничени дека се членови на Ал Каеда за време на нападите на владините сили врз терористите во земјата овој месец. Според сајтот на агенцијата потрагата по останатите терористи сеуште е во тек, а над 60 припадници на Ал Каеда беа убиени во нападите. Нигериецот кој пред три дена се обиде да изврши терористички напад на еден американски авион им соопштил на истражителите дека имал помош од припадниците на Ал Каеда во Јемен.
XS
SM
MD
LG