Достапни линкови

7 реформисти уапсени на демонстрациите во Иран


Најмалку 7 истакнати реформисти се уапсени, по вчерашните судири меѓу безбедносните сили и опозициските демонстранти во Иран, каде животот го загубија 8 луѓе. Според реформистичките веб страни меѓу уапсените се тројца соработници на опозицискиот лидер Мир Хосеин Моусави, двајца кои работат во фондацијата основана од поранешниот претседател Мохамад Катами, опозицискиот политичар Ебрахим Џазди, како и активистот за човекови права Емад Баги. Вчера во судирите беше убиен и внукот на Моусави. Националната иранска телевизија соопшти дека полицијата негирала дека била вмешана во убиствата.
XS
SM
MD
LG