Достапни линкови

Последен обид за спас на британецот од егзекуција во Кина


Роднините на британецот, кој треба да биде егзекутиран во Кина, пристигнаа во земјата во последен обид да издејствуваат жалба за милост. Акмал Саик осуден за трговија со хероин треба да биде егзекутиран утре. Тој би бил првиот жител на Европската унија егзекутиран во Кина во последните 50 години. Неговите тврдат дека тој е ментално болно лице кое било манипулирано од шверцерска банда.
XS
SM
MD
LG