Достапни линкови

Израел со нови станбени објекти во источен Ерусалим


Израел соопшти дека ке гради речиси 700 нови станбени единици во источен Ерусалим – подрачје кое палестинците го сметаат за нивен иден главен град. Министерството за градежништво соопшти дека дозволата одобрува нови апартмани во трите веке постоечки еверјски соседства населени со десетици илјадници луѓе. Под американски притисок премиерот Бенјамин Нетанјаху во Ноември изјави дека за рок од 10 месеци ја замрзнува градбата на нови населби во Западниот Брег. Наредбата меѓутоа не го вклучува источен Ерусалим. Израел го смета целиот Ерусалим за главен град на еврејската држава. Израел го освои источен Ерусалим, свето место за еврите, христијаните и муслиманите, во војната во 1967 година.
XS
SM
MD
LG