Достапни линкови

Доларот и натаму Мистер?


На почетокот на глобалната финансиска криза кон крајот на 2008 доларот порасна, бидејки инвеститорите бегаа од ризични пазари што придонесе за релативната сигурност на американската валута. Во февруари, односот долар - еврото беше 1,25. Тоа беше резултат на мерките кои ги превзеде Американската Централна Банка за да се справи со економската криза. Намалувањето на каматните стапки на рекордни ниски вредности и печатењто стотици милијарди долари за купување на државниот долг, беше чекор познат како Квантитативно олеснување. И како што економиите ги покажа првите знаци на закрепнување, инвеститорите почнаа да им се враќаат на инвестициите а не на доларот затоа што стана по исплатливо. Нил Мак Кинон, стратег на глобалната инвестициска компанија ВТБ Капитал во Лондон
Американскиот Претседател Барак Обама и шефот на Федералните резерви Бен Бернанке

"Оваа година особено откако Федералните резерви го усвоија квантитативното олеснување и ги намалија каматите практично на нула, доларот стана ефикасен за инвеститорите и трговците . Тие позајмуваат во долари и ги користат овие средства како инвестиции на пазарите на капитал и стока, пазарите во развој, и високо-продуктивни валути. "

Во октомври, доларот падна на најниско ниво по повеќе од една година, и кон еврото се менуваше за 1.50. Но, падот на доларот оваа година не е драматичен како што некои очекуваа, а последните недели на 2009 среката му се насмевна на доларот кој во декември се менуваше за 1,43 во однос на еврото.

Ке зајакне ли доларот во 2010?

За трговците причинита се серијата лоши вести во еврозоната, како на пример - големите долгови во Грција, високите дефиците во Бугарија, Шпанија и Португалија, како и национализацијата на една од Австриските банки, што укажува дека банкарска криза во Европа не е завршена.

Од друга страна, пак, постои увереност дека американската економија се опоравува од најлошата рецесија по Втората светска војна. За перидот јули септември е регистриран пораст од 2, 8 насто, а имаше и други позитивни вести. Тоа доведе до поголем очекувања дека централна банка наскоро може да се направи потег кој, најверојатно, ќе зајакне доларот. Мек Кинон објаснува.

"Пазарот реагираа на најновите податоци и за работните места и продажбата на мало. Тоа би можеле да ги присили Федералните резерви да размислуваат за различни кредитни олеснување па дури и за евентуално зголемување на каматните стапки."

Кои се ризиците за американската валута.

Главното прашање е какви мерки ке превземаат Федералните резерви за американскиот буџетски дефицит кој во комбинација со цената на тековните војни во Ирак и во Авганистан, банкарска криза, како и големиот стимулативен пакет достигна рекордни $ 1.4 трилиони за фискалната 2009 година. Аналитичарите велат дека има бавна неизвесност и за иднината на доларот како доминантна светска резервна валута.

Имено, странските централни банки, се загрижени за безбедноста на нивните резерви во долари, а особено оние во Русија и Кина, која ги има најголемите светски резерви проценети на 2 трилиони долари. Но, многу други аналитичари пак велат дека стравувањата за доларот се претерани и дека земјите, кои имаат огромен доларски резерви ќе се колебаат да направат нешто што би ја ослабнало вредноста на американската валута. Значи, треба ли да се напушти доларот? Што да прават Луѓето следната година?

"Во моментов, нема веднаш да се испрати сигнал за доларот дали ке зајакне или ке ослаби. Ова е така затоа што се уште има нестабилност. Тоа ќе биде така можеби и уште шест месеци пред да се види одржливоста.

вели Ванеса Роси од Чатам Хаус од Лондон додавајки дека не постои магичен одговор на ова прашање.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG