Достапни линкови

Зголемена безбедноста во Пакистан поради Ашура.


Во Пакистан е подигнато нивото на безбедноста поради празникот Ашура кој го прославува шиитското малцинство. Илјадници полицајци и парамилитарни сили се распоредени за да ги заштитат процесиите на шиитите. Вчера бомбаш самоубиец се разнесе пред главната шиитска џамија во Кашмир, при што загинаа најмалку 7 лица. Во Пакистан живеат 167 милиони луѓе, од кои мнозинството се сунити. 20 насто се шиитски муслимани.
XS
SM
MD
LG