Достапни линкови

Путин го отвори првиот дел од нафтоводот Сибир - Пацифик


Рускиот Премиер Владимир Путин денеска официјално го отвори првиот дел од нафтоводот Сибир-Пацифик за транспорт на руската сурова нафта за Кина и азиско – пацифичките пазари.На церемонијата на терминалот Козмино во Приморскиот крај на границата со Кина и Северна Кореја, Путин изјави дека овој нафтовод е стратегиски проект кој ќе и овозможи на Русија поголем пристап до пазарите на азискиот пацифик.
XS
SM
MD
LG