Достапни линкови

Крвави антивладини протести во Иран


Во Техеран вчера дојде до најкрвавите судири меѓу безбедносните сили и антивладините демонстранти во изминативе неколку месеци. Во нив, според наводите, имало многумина загинати.

До судирите дојде на шиитскиот празник Ашура, а се совпадна со седмиот ден од смртта на духовниот татко на иранското опозиционо движење големиот ајатолах Хосеин Али Монтазери. Неколкумина демонстранти, биле убиени и повредени додека извикуваа анти владини слогани во Техеран. Сведоци за Радио Слободна Европа велат дека протестите биле насочени против Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хаменеи.

,,Смрт на диктаторот. Смрт на диктаторот.,,

Меѓу убиените, според наводите, бил и внукот на лидерот на опозицијата Мир Хосеин Мусави. На интернет страницата на една опозициска група е објавено дека најмалку уште неколкумина демонстранти биле застрелани од страна на безбедносните сили во градот Енгелаб во централниот дел на Иран. Очевидици за Радио Слободна Европа велат дека безбедносните сили стрерале врз демонстрантите.

,,Ова утро, додека одевме под мостот Хафез мост, тие директно пукаа во луѓето. Пукаа агенти облечени во цивилка.,,

Други наведуваат дека безбедносните сили употребиле солзавец за да ги растераат демонстрантите од центарот на Техеран. Од смртта на Монтазери во минатата недела, протести имаше во многу ирански градови.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG