Достапни линкови

Жестоки судири меѓу иранската полиција и демонстрантите


Четири лица загинаа во судирите меѓу демонстрантите и иранската полиција што се случија синоќа во Техеран. Приведени се најмалку 300 лица. Според наводите на опозицијата, загинати се најмалку петмина, меѓу кои и внукот на лидерот на опозицијата Мир Хосеин Мусави. Тоа беа најжестоките немири од големите јунски демонстрации во Техеран и повеќе ирански градови, кои се случија по претседателските избори и победата на Махмуд Ахмадинеџад, која ја оспорува опозицијата.
XS
SM
MD
LG