Достапни линкови

Малку гласачи на претседателските избори во Хрватска


Излезеноста на хрватските граѓани на денешните претседателски избори до 11 часот била 10,7 проценти, што е за 5 проценти помалку од минатите, според државната изборна комисија. Најмногу гласачи имало во главниот град Загреб. Во земјата има 4 ипол милиони регистрирани гласачи. 12 кандидати се во трката за претседател, а доколку никој од нив не добие над 50 проценти од гласовите ќе се одржи втор круг на 10 јануари.
XS
SM
MD
LG