Достапни линкови

Лондон започна истрага по обидот за напад на авион во САД


Лондонската полиција соопшти денеска дека започнала истрага, откако американските власти го уапсија нигериецот кој се претпоставува дека студирал во главниот град на Англија и кој е обвинет дека сакал да предизвика експлозија во авионот кој летал од Амстердам до Детроит. Фарук Абдулмуталабад се наоѓа во притвор во САД, откако бил совладан од патниците и екипажот кога сакал да ја активира експлозивната направа додека авионот се приближувал до аеродромот во Детроит.

XS
SM
MD
LG