Достапни линкови

logo-print

Убиен еден командант на Талибанците во Авганистан


НАТО соопшти дека авганистанските безбедносни сили убиле еден командант на Талибанците во источниот дел на земјата. Според НАТО вооружениот командант се обидел да избега во една џамија, од авганистанските и меѓународните сили, кои трагале по бунтовници во покраината Вардак. Талибанците често бараат засолниште во џамиите, бидејќи авганистанските и меѓународните сили се обидуваат да избегнат престрелки во и околу нив.
XS
SM
MD
LG