Достапни линкови

Иранската полиција распоредена низ Техеран


Стотици полицајци се распоредени денеска во иранскиот главен град Техеран поради страхувањата дека опозиционите приврзаници би можеле да го искористат денешниот шиитски верски ритуал за нови анти-владини протести. Според очевидци и некои опозициони веб страници, полициски сили се присутни на клучните места во центарот на Техеран, а посебно се концентрирани околу Универзитетот. Според непотврдени информации, полицијата со солзавец и употреба на сила интервенирала во некои делови на градот.
XS
SM
MD
LG