Достапни линкови

logo-print

Обид за експлозија во авион во близина на Детроит


Американските власти го уапсија нигериецот кој е обвинет за обид да предизвика експлозија во авионот кој летал од Амстердам за Детроит со 278 патници и 11 членови на екипажот. Според очевидците, осомничениот бил совладан од патниците и екипажот кога сакал да ја активира експлозивната направа додека авионот се доближувал до аеродромот во Детроид. Авионот безбедно слетал, а неколку патници биле полесно повредени.
Ришел Кипмен, кој била во авионот, изјави: “Ние бевме во задниот дел на авионот кога одеднаш слушнавме пискотници и настана метеж. Некои луѓе ги зедоа против-пожарните апарати. Имаше и чад и веројатно некој во предниот дел на авионот, не знам дали се запали или пак сакаше да предизвика пожар”.
Мелинда Денис, исто така очевидец: Тој беше многу изгорен, неговата нога беше во пламен. Беа употребени против-пожарни апарати, а имаше чад во авионот. Според извештаите, напаѓачот имал сериозни изгореници.
Белата Куќа, соопшти дека американскиот претседател Барак Обама наредил мерки за зголемување на безбедноста во авионскиот сообраќај. Американскиот конгресмен Питер Кинг, изјави дека осомничениот е 23-годишен маж од Нигерија и се верува дека е поврзан со терористичката мрежа Ал Каеда. Според американските медиуми, нигериецот имал експлозивни материјали кои ги набавил во Јемен, каде што и добил инструкции како и каде да ги употреби.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG