Достапни линкови

Прилеп – Бизнис релации со Мала Преспа


Воспоставување на бизнис и соработка на ниво на општини беше целта на посетата на прилепската делегација бизнисмени на Македонците во Мала Преспа. Станува збор за проектот „Етнички-бизнис средби во Мала Преспа„ финансиран од Министерството за надворешни работи на Македонија.

Во рамките на проектот „Етнички-бизнис средби во Мала Преспа„ што е финансиран од Министерството за надворешни работи на Македонија стопанствениците ги разгледале можностите, природните ресурси со кои располага овој регион во Албанија населен со Македонци. Главно овие луѓе живеат од земјоделство, сточарство, овоштарство, но се занимаваат и со рибарство и пчеларство. Сепак елементарен проблем и за нив е невработеноста, особено кај младите. Но, како што информира Ристо Најдоски од
Многу е битна соработката со Општина Пустец, бидејќи од оваа година се преферираат проекти за меѓугранична соработка, а тоа значи дека Општина Прилеп во иднина треба да се насочи на заеднички проекти. А, парите кои ќе ги извлечеме како де општини, да ги искористиме во реализација на одредени проекти кои ќе значат подобрување на условите за живеење на населението.
Регионалната стопанска комора од Прилеп од посетата веќе доаѓаат првите позитивни сигнали за свежи македонски инвестиции во регионот.

„Од страна на нашите стопанственици се појави интерес особено за преработка на земјоделските производи, исто така од страна на претставниците на нашите конфекции појавија интерес да во тој регион отворат дислоцирани погони. Така да средбата беше доста добра, конструктивна и корисна. Бидејќи носевме и претставник на туристичката агенција „Бран„ и сега очекуваме први активности на туристичката агенција.“

Градоначалникот Марјан Ристески истакнува дека двете соседни општини кои веќе аплицирале пред фондовите на Европската унија, ќе ја продолжат и интензивираат соработката.

„Многу е битна соработката со Општина Пустец, бидејќи од оваа година се преферираат проекти за меѓугранична соработка, а тоа значи дека Општина Прилеп во иднина треба да се насочи на заеднички проекти. А, парите кои ќе ги извлечеме како де општини, да ги искористиме во реализација на одредени проекти кои ќе значат подобрување на условите за живеење на населението.“

А, Македонците во Мала Преспа и натаму како што велат бизнисмените живеат во тешки услови со нерешени крупни комунални проблеми. Водоводната и канализационата мрежа не е изградена во целиот регион, имаат проблеми со снабденоста со електрична енергија, но сепак се вложуваат напори за подобрување на условите за живот и стопанисување.“

„Во последната година има позитивни сигнали што е многу важно. Изграден им е асфалтен пат од границата Стење па до Пустец, со намера да продолжи асфалтниот пат да се гради до Корча. И за нив е тоа излез и врска со еден голем потрошувачки центар, бидејќи Корча има над 100.000 жители,“

истакнува Најдоски. Во Мала Преспа, како етнички чист регион од соседна Албанија живеат околу 4500 Македонци.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG