Достапни линкови

Во нападот врз Папата настрада Кардиналот Етчерегаи


Папата Бенедикт 16 не е повреден во синоќешниот инцидент во кој една жена ја прескокна заштитната ограда и го собори на земја 82-годишниот Папа, пред почетокот на божикната миса во базиликата Свети Петар во Рим, соопшти Ватикан. По нападот, Папата мирно продолжи да ја води мисата. Според официјален Ватикан, жената веројатно има психички проблеми. Таа е идентификувана како Сузана Маиоло 25 годишна државјанка на Италија и Швајцарија, која и минатата година се обидела да му се приближи на Папата за време на божиќната миса. При денешниот инцидент на кардиналот Рогер Етчрегаи му беше скршена ногата Денеска Папата Бенедикт 16 од црквата Свети Петар во Рим ќе ја упати традиционалната порака „Урби ет Орби“ на градот и светот, изговарајќи ја божикната честитка на повеќе од 60 јазици.
XS
SM
MD
LG