Достапни линкови

logo-print

Германија ќе го екстрадира првообвинетиот за „Мавровски работници“


Германија дозволи екстрадиција на македонскиот државјанин Шкодран Идризи, првообвинет за случајот Мавровски работници.
Екстрадицијата, како што соопшти Министерство за правда, се дозволува поради тоа што Идризи е осуден на една година затвор за фалсификување исправа и поради кривично гонење на обвинетиот за кривичните дела наведени во обвинителниот акт на Основното јавно обвинителство од Скопје од 6 март 2002 година. Случајот „Мавровски работници“ е еден од четирите предмети што Хашкиот трибунал ги врати на процесуирање во Македонија.
XS
SM
MD
LG