Достапни линкови

Одбиено барањето на Караџиќ за нов адвокат


Хашкиот трибунал го одби барањето на поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ, да го смени Британецот Ричард Харви и да му додели друг адвокат по службена должност. Во молбата до судскиот Совет, Караџиќ побара да соработува со „некого со кој го дели културното наследство и јазик“. Судскиот совет го отфрли барањето на Караџиќ како „сомнително“, додавајќи дека и неговиот главен правен советник, Питер Робинсон, е од САД.
XS
SM
MD
LG