Достапни линкови

Осуден кинески дисидент


Познатиот кинески продемократски дисидент Ли Џијаобо е осуден на 11 години затвор, поради „поттикнување на уривање на државниот поредок“. Џијаобо пишуваше дека треба да се воведат граѓански слободи и повеќепартиска демократија во Кина. Американскиот дипломат Грегори Меј изјави дека Соединетите Држави се многу загрижени од казната и ги повика кинеските власти да го ослободат Џијаобо и да дозволат кинеските граѓани мирно да ги изразуваат политичките ставови. Кина го отфрли барањето, оценувајќи го како мешање во внатрешните работи.
XS
SM
MD
LG