Достапни линкови

Ако никој не свири - филм на Ѓорѓи Јаневски


Премиера, па фестивали

Премиера, па фестивали

Утревечер во киното Фросина во Младинскиот културен ценатр во Скопје, со почеток во 20 часот, ќе се одржи промоција на новиот македонски документарен филм Ако никој не свири. Сценарист и режисер е Ѓорѓи Јаневски, а филмот е дело на независната продукција СТОТРОЈКА .

Нецела година по објавувањето на компилацијата Ако никој не свири на која беа документирани снимките на македонските бендови забележани на нивните настапи во студиото на Музичкото радио Канал 103, Здружението на граѓани за културна иницијатива СТОТРОЈКА, како независна продукција, го стокми и документарецот со истоимен наслов.
Сценарист и режисер на филмот е Ѓорѓи Јаневски, камерман Бранд Феро, а за монтажата се погрижи Благоја Неделковски.
Ако никој не свири е филм за подземната историја на скопската рокенрол сцена, за нејзиниот автентичен урбан сензибилитет и неисцрпната креативна енергија. Делото одблизу ги следи почетоците на еден од највозбудливи македонски бендови БЕРНАЈС ПРОПАГАНДА низ секојдневниот предизвик да се живее за музиката.

„Континуирано бев во контакт со луѓе кои се занимаваат со музика. Ако некому му завидувам, тоа се музичарите, бидејќи ја работат највозбудливата работа. Таа размена на енергија и ентузијазам е прилично импресивна“
Импресивна е размената на енергија и ентузијазам меѓу музичарите


вели Јаневски.

Во филмот учествуваат Васко Атанасовски, Кристина Горовска, Џано Куч, Горан Аргировски, Кирчо Арсовски, Мирко Попов, Ненад Неделков, Сеад Хаџиќ Сецко и други борци од актуелната храбра современа македонска музичка сцена, а материјалите за него се снимани во текот на 2007 и 2008 година. Но авторот негира дека имал амбиции на овој начин да прави пресек на целата сцена.

„Ова е само еден дел. Во филмот се појавуваат многу луѓе кои се дел од неа, меѓутоа јас немав никаква намера да шравам некаква генерална слика за музичката сцена“

Документарецот Ако никој не свири, независната продукција СТОТРОЈКА го работеше во соработка со ПЕТРА ПАН ФИЛМ, ХАУС 57 и 3 ИКС, финансиски е подржан од Македонскиот институт за медиуми и од Швајцарската програма за култура ПРОХЕЛВЕЦИЈА, а Јаневски се надева дека делото ќе биде прикажано и на фестивалите во регионов.

„Ќе треба да поработиме сите да си го најде местото на неколку фестивали - што повеќе тоа подобро, фестивали кои третираат документарен филм со музичка тематика, иако ова не е баш најтипичен музички документарец“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG