Достапни линкови

Иранските власти забраниле служби во чест на Монтазери


Реформистичкиот веб сајт Парлеманњуз објавил денеска дека иранските власти забраниле да се одржат повеќето посмртни служби во чест на десидентот свештеник Хосеин Али Монтазери, откако неговиот погреб прерасна во протест на опозицијата. Според сајтот безбедносните сили вчера спречиле на Монтазери да му се одаде почит во џамијата во градот Кашан во покраината Исхафан. Безбедносните сили поставиле банер на џамијата на кој пишувало дека се забранети било какви церемонии за Монтазери во Ком и Најафабад. Монтазери кој почина на 19 декември живееше во Ком, а детството го поминал во Најафабад.
XS
SM
MD
LG