Достапни линкови

Буџетот 2010 и социјалата


Повеќе да се штеди скапата струја

Повеќе да се штеди скапата струја

Во Буџетот за 2010 е содржан и социјалниот елемент кој би требало да се справува со се поголемата сиромаштија. Тоа ке биде се потешко по поскапувањето на струјата за 10 насто и најавеното поскапување на парното греење за 15 проценти. Поскапувањето на струјата е сепак неминовно.

Од Владата веќе најавија дека во 2010 година се планира субвенционирање на сметките за електрична енергија на социјалните семејства, но за сега нема конкретен датум за тоа кога точно ќе се реализира овој проект. Скромните социјални приходи не се доволни за покривање на најавеното поскапување на струјата, вели Перо Јовановски, пензионер од Скопје.
Има луѓе со пензии од 5.000 денари. Затоа не сум за никакво поскапување


„Не е воопшто реално, зашто има луѓе што земаат по 5.000 или по 6.000 денари пензија и тоа за нив е катастрофа. Мое мислење е - никакво поскапување“

Јовановски се грее на струја. Месечно плаќа 2700 денари. Со поскапувањето од десет проценти, овој потрошувач ќе добива сметка во висина од околу 3000 денари месечно.

Ваквото поскапување на струјата е неизбежно бидејки пазарот ја диктира цената, вели Шефот на Македонскиот Центар за Енергетска Ефикасност Константин Димитров.

„Поскапувањето на електричната енергија се гледа од аспект на нејзината цена во производството. И некогаш ако имаме помала количина на располагање, имаме, нели, полошо снабдување, а цената на производството е сепак таа цена што е направена, така што мора да се плати“

Сосема друг проблем, според Димитров, е видно неквалитетното снабдување со струја во одредени делови на земјава.
Цената на струјата, според трошковниот пинцип, навистина мора да порасне


„Тоа може да влијае на некој начин, со тужби, да бараат дека не им е обезбедено квалитетно снабдување и се друго, но цената на електричната енергија според трошковниот принцип навистина мора да порасне“

Димитров вели дека единствената опција која ја имаат граѓаните е да штедат електрична енергија.

Во меѓувреме, се чини дека граѓаните со просечни и поскромни примања ќе мора да се снаоѓаат за плаќање на поскапите сметки. Пензионерот Јовановски вели дека тешко ќе може да врзе крај со крај плаќајки поскапа струја.

„Ќе ги покријам ако позајмам на крајот на месецот 1.500-2.000 денари, ако има некој да ми даде. Но, треба да мислиш да ги вратиш“

Инаку по Нова Година можно е и поскапување на парното греење за околу петнаесет проценти.
XS
SM
MD
LG