Достапни линкови

Самоубиствен напад во Пешавар


Најмалку 5 лица загинале, а над 20 биле повредени во денешната експлозија на бомба во пакистанскиот град Пешавар. Експлозијата ја предизвикал бомбаш самоубиец кој го активирал појасот со над 8 килограми експлозив, кога го стопирала полицијата во центарот на градот, каде се сместени канцелариите на власта, банките и некои приватни фирми.
XS
SM
MD
LG