Достапни линкови

Членови на „ Гринпис“ задржани во притвор


Апелациониот суд во Копенхаген одби да ги ослободи членовите на еколошката организација „Гринпис“ кои непоканети дошле на гала вечерата кај данската кралица Маргарета. Приведените членови се осомничени за фалсификување на документи, лажно претставување, незаконски упад и кршење на законот за кралските семејства, што во Данска е тежок престап. Осомничените ќе бидат задржани во полиција заради истрагата која е во тек, велат од данската полиција.
XS
SM
MD
LG