Достапни линкови

„Зелената коалиција“ против Велешката топилница


топилница
топилница

Новите сопственици на Велешката топилница се уште се непознати за велешани. Зелената Коалиција е изненадена од тајноста на новите сопственици од Метрудхем. Никој не знае дали Топилницата ке биде рестартирана или ке се продава како старо железо.

Скопската фирма „Метрудхем„ и официјално стана сопственик на Топилницата од Велес. Стечајниот управник Радослав Кипровски и претставници на „Метрудхем", кај нотар, склучиле договор за купопродажба на Комбинатот.

Новите сопственици веќе извршиле и примопредавање, а во погонот Хемија се вршело и попис на имотот. Сопстевеникот, скопската фирма Метрудхем сеуште не ги обелоденува своите намери.
Едноставно: ние сме против рестарт на Топилницата


Но локалната самоуправа неодамна обелодени дека Метрудхем на сметката на општината, по основ данок на имот префрли 50.000 евра. Градоначалникот Петров вели дека тој досега нема остварено средба со новите газди на комбинатот кој пет години неработи.

„ Ниедна постапка не почнува и не завршува со решението за плаќање данок. Околу проблемот со евентуалното рестартирање јас ќе го казам мојот личен став, не можам да речам дека тоа е официјален став на Општината но убеден сум дека било кое тело кое е формирано не како администрација, како град – ние сме против рестарт на Топилницата “, вели градоначалникот Петров.

Сопствениците за велешани и натаму се непознати. Не се знае ни која од двете најчесто споменувани сценарија ќе стане реалност. Топилницата ќе се рестартира или ќе се продава како старо железо.

Официјализирањето на Метрудхем како сопственик на Топилницата не ја изненади „Зелената колиција“. Игор Смилев вели дека тие ја следат состојбата но и ги кординираат следните активности, дирекна поддршка во намерата за зачувување на здрава животна средина добиле од Балканското еколошко движење. Изненадени се од тајноста на идентитетот на одговорните од Метрудхем, но и од тајниот начин на влез во компанијата иако Метрудхем правеше се за да влезе во комбинатот, вели Смилев.

„Затоа што тоа беше животен сон, да влезат еден сончев ден во Топилницата МХК Злетово, меѓутоа сега ги повикуваме како што влегоа да излезат пред граѓаните на Велес да го кажат својот матичен број и да се легитимираат пред велешани чисто за да имаме увид кој ќе го труе Велес во наредниот период под претпоставеното сценарио“.

Во пете години колку што не работи комбинатот, велешани организирани од Зелената коалиција преку неколку јавни манифестации го искажуваа својот став против можниот рестарт на Топилницата.

Државата Топилницата ја продаваше на седум тендери. Најнапред комбинатот беше понуден за 13,7 милиони евра а се продаде за два милиона 225 илјади евра.
XS
SM
MD
LG