Достапни линкови

Ватикан сака да го прогласи Пиј 12 за светец иако се бунат Евреите


Ватикан го брани својот потег поранешниот папа Пиј 12 да биде прогласен за светец. Пиј 12 кој беше папа за време на Втората Светска Војна е најмногу познат по неговата неакција за време на холокаустот, кога нацистите убиваа милиони Евреи, па затоа со одлуката на Ватикан не се сложуваат еврејските лидери низ светот. Потпаролот на Ватикан, Федерико Ломбарди соопшти дека потегот ја прикажува светоста на Пиј 12, а не неговата историска важност.
XS
SM
MD
LG