Достапни линкови

logo-print

Семејството на Бин Ладен живее во Техеран


Два британски дневни весници известуваат дека неколку членови на семејството на Осама Бин Ладен живеат во околината на Техеран во последниве осум години. Весникот Тајмс соопштува дека една од неговите жени, 6 негови деца и 11 внуци наводно го напуштиле Авганистан во 2001 година. Тајмс го цитира Омар Бин Ладен синот на лидерот на Ал Каеда кој изјавил дека незнаел дека неговите браќа и сестри се живи се додека не му телефонирале во ноември. Еден апрапски весник со седиште во Лондон цитира еден саудиски дипломат во Техеран дека ќерката на Бин Ладен е гостин во амбасадата и дека барала да и помогнат да ја напушти земјата. Иран постојано негира дека некој од семејството на Бин Ладен живее во земјата
XS
SM
MD
LG