Достапни линкови

ИПАРД фондовите недостапни за повеќето фармери


Гладниот доток не разликува партиски бои
Гладниот доток не разликува партиски бои

Само регистрираните земјоделци од денеска ќе можат да аплицираат за ИПАРД фондови, односно за да добијат пари кои не треба да ги вратат. Земјоделецот Зоран Ангеловски вели дека заитересираноста кај земјоделците е многу мала затоа што и тука политиката е вмешана.




Само регистрираните земјоделци од денеска ќе можат да аплицираат за ИПАРД фондови, односно за да добијат пари кои не треба да ги вратат. Земјоделецот Зоран Ангеловски вели дека заитересираноста кај земјоделците е многу мала затоа што и тука политиката е вмешана.
Пред некој ден отворено ми рекоа дека првин ќе бидат удоволени барањата на партиски обоените, па после на другите


„Јас пред некој ден бев, и сега не сакам човекот да го именувам, но ми рече дека прво гледаат да им удоволат на партиски обоените па после на другите. А кравите или земјата не гледа партиски војници. Кравата си сака да јаде - не познава ни ВМРО, ни СДСМ, ни ДУИ, ни било кој“

Претседателот на асоцијацијата на земјоделци , Ефтим Шаклев има понакво мислење.Тој вели дека нема да има политичко влијание во одлуките кој ќе ги добие парите . Но Шаклев укажува и на еден друг проблем кој може да се појави во делењето на парите од ИПАРД фондовите. Според критериумите само сточарите кои имаат легално изградени фарми имаат право да побараат пари.

„По нашите сознанија, над 95 отсто од фармите немаат градежна дозвола, што зџначи дека никој нема да може да ги користи овие средства од малите и средни сточари во Македонија“

Шаклев вели дека побарале од министертвото за земјоделие да изготват програма за легализирање на фармите за да можат и сточарите да ги користат овие пари.
Според податоците на асоцијацијата право на користење на ИПАРД фондовите имаат околу 2 и пол илјади земјоделци кои се регистрирани. Земјоделецот Ангеловски не е регистриран и вели дека не сака да се регистриа затоа што трошоците се неисплатливи.

„Не можма, да опстанам. Уште да се регистрирам и секој месец да одвојувам по пет-десет илјадарки, тешка работа. Да ви кажам, вистина сме заплашени. Не сум се плашел никогаш, ама оваа година мислам дека е катастрофална“

Дваесет и четирите милиони евра кои се нараполагање во ИПАРД програмата можат да се користат само во неколку сектори од земјоделството како овоштарството, градинарството лозарството и производството на млеко и месо. Но овие пари не треба да се користат за подигнување на пример за нови лозови насади туку за обновување на старите . Истото важи и за сточарството, парите можат да се користат за реновирање на веќе постоечките објекти за одгледување на стока не и за градење на нови вели Шаклев. Тој додава дека не може со овие пари сточарите да си докупуват стока .Огласот за европските пари ќе трае шеесетина дена . Во министертвото за земјоделство велат дека интересот е голем и се надеваат дека парите ќе се искористат.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG