Достапни линкови

Србија пред вратите на ЕУ


Српскиот претседател Тадиќ и шведскиот премиер Реинфилд во Стокхолм
Српскиот претседател Тадиќ и шведскиот премиер Реинфилд во Стокхолм

Претседателот на Србија Борис Тадиќ вчера во Стокхолм ја предаде кандидатурата за членство на Србија во Европската унија. Белград допрва ќе мора на Брисел да му одговори на неколку прашања како например каде се границите на Србија и колку има жители.

Српскиот претседател Борис Тадиќ уверува дека европските партнери се свесни за позицијата во која се наоѓа Србија и оти затоа нема да има никакви изненадувања:

,,Огромно мнозинство, 95 насто од земјите членки на Европската унија ја поттикнуваа Србија да поднесе кандидатура.,,

За разлика од претседателот Тадиќ, директорот на Центарот за регионализам Александар Попов потсетува дека неодманешниот со голема мака надминат спор меѓу Хрватска и Словенија околу прашањето на границата јасно покажува дека не станува збор за безначајни проблеми:

,,Например, тука е прашањето на границата со Хрватска. Србија веќе има проблем со самото тоа што Македонија со Косово договори и потпиша спогодба за границата. Овој проблем е отворен, а проблеми ќе има и со Црна Гора.,,

Вели Попов. Тоа го потврдуваат и од Коалицијата за европска Србија на претседателот Борис Тадиќ:

,,Многу јасно знаете каков беше нашиот став кога Македонија во октомври годинава се обиде да ја утврди демаркационата линија со
Например, тука е прашањето на границата со Хрватска. Србија веќе има проблем со самото тоа што Македонија со Косово договори и потпиша спогодба за границата. Овој проблем е отворен, а проблеми ќе има и со Црна Гора.,,...
Косово. Тогаш заземавме став дека тоа прашање не може да се регулира со Приштина, туку исклучиво со Белград.,,

Вели Јелена Триван од Колицијата за европска Србија. Не само границите, туку под знак прашалник е и бројот на жителите на Србија. Ова е особено незгодно за Белград кој не ја признава косовската независност. Проблемот со Косово, како што изјавуваат во Демократската партија на Србија на Воислав Коштуница, ќе биде голем проблем на актуелната влада во остварувањето на европската агенда:

,,Тоа е суштината на спорот што постоеше меѓу Европската унија и Србија, а што оваа власт вешто и со многу маркетинг ја прикрива од своите граѓани.,,

Вели пратеникот Зоран Николиќ. Како и да е со многу мака, со голема соработка со Хашкиот трибунал и девет години по соборувањето на Слободан Милошевиќ, Србија годинава постигна два успеха на патот кон Унијата: поднесе кандидатура и доби визна либерализација:

,,Но, кога тогаш Србија ќе мора да се соочи така што подобро ќе беше граѓаните сега да беа соочени со сите факти што се однеуваат на влегувањето во Европската унија, како и за пречките на кои ќе наидеме на тој пат.,,

Вели Александар Попов, додавајќи дека сето ова изгледа, како што вели, дека уште утре во Србија ќе има избори.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG