Достапни линкови

Иран:судири меѓу полицијата и опозицијата?


Иранските безбедносни сили, според некои агенциски наводи, денеска се судриле со приврзаници на опозицијата во градот Исфахан, каде што била закажана комеморацијата за дисидентски свештеник ајатолахот Хосеин Али Mонтазери. Во судирите, според опозицијата, имало и многу повредени, но ова не е потврдено од независни извори. До ова дојде два дена по погребот на 87 годишниот Монтазери во светиот град Ком.
XS
SM
MD
LG