Достапни линкови

Узбекистан: напади врз активисти за човекови права


Американската организација за човекови права Фридом Хаус соопшти дека во Узбекистан, една недела пред парламентарните избори, се интензивирале нападите врз активистите за човекови права. Фридом Хаус го обвини Узбикстан и за тоа што не презема чекори за намалување на репресијата врз граѓанискиот сектор во земјата. Претходно со слични вакви оценки се јави и Хјуман Рајтс Боч. Западот ги прекина врските со Узбекистан во 2005 годината откако војската отвори оган врз демонстрантите во источниот град на Андиџан. Односите се затоплија годинава, бидејќи стана ваѓна транзитна точка за операциите на НАТО во Авганистан.

XS
SM
MD
LG