Достапни линкови

Одложена средбата на претседатели во Призрен


Претседателите на Косово, Албанија, Македонија и Црна Гора се договориле да ја одложат заедничката средба, што претходно беше најавена за 8 јануари во Призрен. Како што е соопштено од кабинетот на косовскиот претседател Фатмир Сејдиу, тој вчера телефонски разговарал со неговите колеги Бамир Топи, Ѓорге Иванов и Филип Вујановиќ за, како што е наведено, аспектите за продлабочување на соработката на Косово со Албанија, Македонија и Црна Гора. Сите соговорници се согласија да се хармонизира заедничкиот состанок, што ќе се одржи во првиот месец од следната година на Косово, а за точниот датум сите навремено ќе бидат информирани, се наведува во соопштението. Приштинскиот печат вчера пренесе дека претседателот Иванов одбил да учествува на собирот во јануари, бидејќи наводно не добил покана за учество.
XS
SM
MD
LG